
Од денес почнаа работите за реконструкција и уредување на булеварот во Бит-пазар. Во овој дел предвидено е да изгради такси-станица, патека за минувачи, зелена површина и станица каде ќе можат да застанат автобусите со туристи кои ќе ја посетуваат Старата скопска чаршија.

