27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД ги продава акциите во General Motors

САД ги продава акциите во General Motors

gm2

Министерството за финансии на САД објави дека овој месец ќе продаде 30 милиони акции во „General Motors“, во обид да се ослободи од сите акции на автомобилскиот гигант кои се во државна сопственост.

Министерството ќе ги продаде своите акции заедно со уште 20 милиони акции во „Generals Motors“ кои се во сопственост на Фондот  за медицинска заштита на пензионери „UAW Retiree Medical Benefits Trust“, со што вкупниот обем на продажба е 50 милиони акции, пренесува агенцијата АП.

Во декември минатата година „General Motors“ со откуп од државата врати во своја сопственост 200 милиони акции.

Министерството за финансии тогаш соопшти дека има намера да се ослободи и од преостанатите 30 милиони акции во државната сопственост на почетокот на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП