5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарџиите во знак на протест повторно го блокираа булеварот кај Бит-пазар

Пазарџиите во знак на протест повторно го блокираа булеварот кај Бит-пазар

Пазарџиите што продаваат цвеќе на Бит-пазар денеска втор ден по ред го блокираа булеварот Крсте Мисирков во знак на протест против одлуката на општина Чаир и Градот Скопје да ги дислоцираат зад поликлиниката „Бит-пазар“.

Тие го блокираа сообраќајот во еден правец, од Чаир кон Центар. Велат дека се незадоволни од одлуката на градските власти да ги пренесат кај поликлиниката, затоа што, според нив, таму нема место за сите. Повеќето од нив, како што рекоа, стравуваат дека ќе останат без работа. Сакаат што побрзо да се реши целиот случај бидејќи, како што велат, многу семејства егзистираат од тезгите на пазарот. Најавија дека ќе има мирни протести сè додека не се најде соодветно решение. На местото каде што се протестира е забележано присуство на полицијата.

Општина Чаир и Град Скопје вчера во меѓусебна координација започнаа со дислокација на трговците што се занимаваат со продажба на цвеќиња по должината на булеварот Крсте Мисирков. Продавачите се дислоцирани зад поликлиниката „Бит-пазар“, каде што никна нов цветен пазар, со цел, како што соопшти Општината, да се иницира решение за хаосот што се предизвикува на булеварот и справување со ситуацијата со јавните површини во општината. Од Градот Скопје, пак, информираа дека за сите трговци на нелегално поставените тезги на овој потег обезбедиле простор на новата локација под одредени поволни услови.

На местото каде што до вчера се продаваа цвеќиња, планирано е да се изгради такси-станица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП