10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските олигарси почнаа да ги враќаат своите приватни авиони

Руските олигарси почнаа да ги враќаат своите приватни авиони

Рускиот олигарх Олег Дерипаска вратил три приватни авиони, кои ги плаќа, бидејќи не може да си дозволи да продолжи да ги користи, откако минатиот месец му беа наложени санкции од САД. Авионите веќе се ставени на продажба.

Вратените авиони се брендот „Gulfstream“, претпочитани од бизнисмени поради долги летови и луксузен ентериер. Авионите се продаваат, а цената за два од нив е по 29,95 милиони долари.

Враќањето на авионите е индикација за тоа колку сериозно санкциите ја засегнале бизнис империјата на Дерипаска, излегувајќи надвор од границите на неговата компанија за производство на алуминиум „Русал“.

Алиреза Итихадиех, директор на „Freestream“ – компанијата која ги објави авионите за продажба, изјави за „Reuters“ дека тие биле сопственост на „Credit Suisse“ и „Raiffeisen“, по што биле продадени преку друга компанија контролирани од компаниите на Дерипаска.

„Кој ги користеше? Раководството, вклучувајќи го и Дерипаска“, вели Итахиди.

„Против него и неговите компании се наметнуваат санкции, тој мора да ги врати авионите. Според правилата на санкциите, тој мора да ги раскине договорите за лизинг“, изјавила Итихадиех без да конкретизира какви точно се овие правила.

Дерипаска беше вклучен во црната листа на санкции на 6-ти април, бидејќи според Вашингтон тој и другите руски олигарси се фаворизираат во „малициозните активности“ на Кремљ во светот.

На сите во списокот им е забрането да влегуваат во САД, а американски компании и граѓани немаат право да прават бизнис со лица или компании кои се на црната листа.

Според евиденцијата на островот Ман, каде се регистрирани трите авиони, нивните сопственици се офшор компании чии акционери не можат да бидат откриени јавно.

Сите три авиони се „Gulfstream G550“, секој чинел 50 милиони долари кога бил нов.

Авионите „G550“ можат да летаат 12.500 км. со едно полнење, а компанијата нуди разновидни луксузни завршни работи.

Според „Ithahidiech“, сопствениците на авионите одлучиле да ги продадат веднаш штом Дерипаска го прекинал лизингот.

„На банката не и требаат овие средства“, вели тој. „Банките земаат средства. Откако ќе се врати нешто што се плаќа на лизинг, тие или го продаваат директно или повторно го подмируваат. Во овој случај, тие имаат петгодишно средство, што избрале да го продадат“.

Двата авиони продадени за 29,95 милиони долари беа произведени во 2012-та година. Третиот авион, за кој нема најавена цена, беше произведен во 2005-та година.

При претходните санкции наметнати од САД, друг руски олигарх, Генади Тимченко, сподели пред руската новинска агенција „ТАСС“ дека од „Gulfstream“ едноставно престанале да го одржуваат неговиот авион, зашто влегол во црната листа на САД во 2014-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП