19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на војната: Обновата на Сирија ќе чини 400 милијарди долари

Цената на војната: Обновата на Сирија ќе чини 400 милијарди долари

Сирискиот претседател Башар ал Асад во четвртокот оцени дека ќе треба околу 400 милијарди долари за реконструкција на Сирија по конфликтот, но истакна дека точната сума на пари се уште е непозната, со оглед на тоа што некои територии сé уште се контролирани од терористи.

– Стотици милијарди, минимум 200 милијарди евра, а според некои проценки, околу 400 милијарди долари. Зошто не е прецизна? Бидејќи некои области се уште се под контрола на терористите, така што не можевме точно да ја процениме вистинската бројка. Значи, да кажеме ова е некоја средина, вѓизјави Асад во интервју за грчкиот весник “Катимерини”, одговарајќи на новинарски прашања.

Асад рече дека ќе требаат најмалку 10-15 години за да се обнови инфраструктурата во Сирија, нагласувајќи дека руските компании ќе бидат приоритет во договорите за реконструкција. Во исто време, Кина, исто така, изрази интерес за учество во реконструкцијата на Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП