28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Европа повеќе не може да се потпира на САД

Меркел: Европа повеќе не може да се потпира на САД

И германската канцеларка Ангела Меркел исто како и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, смета дека Вашингтон ја изгубил енергијата и влијанието, поради што Европа треба да ја преземе улогата на САД, како глобален лидер.

Откако европските земји не успеаја да го спречат американскиот претседател, Доналд Трамп да ги извлече САД од иранскиот нуклеарен договор, тензијата меѓу Иран и САД ескалираа.

Коментирајќи го ова прашање, францускиот претседател Емануел Макрон на својот Твитер профил изјави дека Франција, Германија и Велика Британија жалат за одлуката на САД, да го напуштат иранскиот договор, предупредувајќи дека е во прашање режимот на нуклеарно неширење.

Во меѓувреме, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, истакна дека блокот го задржува правото да дејствува во своите безбедносни интереси, повикувајќи ја меѓународната заедница да го зачува нуклеарниот договор.

Доналд Трамп во вторникот објави дека САД се повлекуваат од иранскиот договор, предизвикувајќи голема реакција меѓу европските сојузници на САД. Тој, исто така, вети и нови и досега најстроги економски санкции против Техеран, како одговор на развојот на иранската нуклеарна програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП