5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев на презентација на хрватската компанија „Кончар“ во Македонија

Анѓушев на презентација на хрватската компанија „Кончар“ во Македонија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на презентација на хрватската компанија „Кончар“, одржана во насока на интензивирање на бизнис-активностите на оваа компанија во Македонија.

Вицепремиерот посочи дека станува збор за респектабилна компанија, со годишен приход од околу 400 милиони евра и дека радува податокот што оваа фирма, која во последните десетина години не е многу присутна во Р Македонија, покажува интерес за интензивирање на своите активности во нашата земја.

„Верувам дека добрата регионална соработка е основа за економски развој. Земјите од регионот треба да ја подобрат економската соработка, која би била база за унапредување на соработката и со другите земји. Постојат низа поволности и предности, кои треба да ги искористиме и да ја зголемуваме регионалната економска соработка, се разбира преку економска и конкурентна логика “, посочи вицепремиерот

Компанијата „Кончар“ има широко поле за работа, во моментов конкурира на неколку тендерски постапки на државни и јавни претпријатија, во енергетиката и транспортот и други дејности во приватниот сектор.

„Кога станува збор за енергетика, Владата ќе финансира еден крупен енергетски проект, а ќе се реализираат и проекти за зголемување на производството од обновливи извори на енергија, преку инвестиции на приватниот сектор во фотонапонски централи, мали хидроелектрани и ветерни електрани. Воедно планирани се и зафати за обновување на електропреносниот систем, како што се изградба и рехабилитација на далекуводи и реконструкција на трансформаторски станици. Сите овие проекти се добра можност за успешни приватни компании, како што е и ‘Кончар’, да аплицираат за реализација на овие проекти, на конкуретна основа и на тој начин да го зголемат своето присуство во Република Македонија“, нагласи Анѓушев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП