11 октомври, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСокот од брусница нема да ви помогне доколку се соочувате со оваа...

Сокот од брусница нема да ви помогне доколку се соочувате со оваа инфекција

Иако многу жени сметаат дека овој сок е лек кој помага при уринарни инфекции, новото истражување покажува дека грешат.

Во истражувањето спроведено од страна на Националниот институт за здравје во Велика Британија се наведува дека „нема докази“ кои докажуваат дека брусницата помага при лечење на уринарниот тракт.

Исто така, лекарите апелираат дека е погрешно лекувањето на своја рака, особено во случаеви кога се чувствува голема болка, тие заклучуваат дека користењето антибиотици не смее да се избегнува.

„Поголемиот број инфекции се лекуваат со антибиотици, но пред се треба да ги користиме паметно“, рече Марк Бакер, кој резултатите од ова истражување ќе ги искористи, и ќе ги вметне во новото издание на Здравствениот водич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП