26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкоакција за чистење на градот „Мој Охрид – чист Охрид“

Екоакција за чистење на градот „Мој Охрид – чист Охрид“

В сабота, 9 јуни, ќе се одржи голема екоакција „Мој Охрид – чист Охрид“ за чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона. Акцијата е иницирана од Супер радио, со поддршка на локалната самоуправа, бизнис-секторот, охридските медиуми, еколошките и спортски друштва од Охрид.

Основната идеја е да се анимираат граѓаните на Охрид, посебно учениците од сите основни и средни училишта во градот за чистење на централниот дел од градот. Особен акцент ќе им се даде на плажите, каде што е најголемата фреквенција на туристи во пресрет на главната туристичка сезона. Потегот од Воска до хотел „Десарет“ и плажата „Градиште“ ќе се подели во региони и ќе се чисти крајбрежниот појас, со особен акцент на најпопуларните плажи, плажите пред хотелите, се` со цел Охрид да блесне во целата своја убавина пред оваа туристичка сезона.

Во акцијата, покрај учениците, ќе учествуваат и поголеми компании од градот, спортски и екоздруженија, вработените во локалната, Јавните претпријатија, а организаторите упатуваат повик и до сите граѓани да учествуваат за да добие акцијата на што поголема масовност.

Генералната програма за овој настан предвидува и акција за чистење на дното на езерото во крајбрежниот појас и пред најпопуларните плажи во соработка со нуркачите од Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП