18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе плати за големата загуба на украинската компанија

Русија ќе плати за големата загуба на украинската компанија

Судот во Хаг одлучи дека, Русија треба да и надомести на украинската компанија за загубата на имотот во Крим, објави „Naftogas“.

Постапката на арбитражниот суд започна во октомври 2016-та година, а негови иницијатори беа “Naftogas“ заедно со своите помали компании.

Компаниите бараат 8 милијарди долари како надоместок за големата загуба.

Во меѓувреме, судот соопшти дека, на 2 мај 2018-та година судот донесе едногласна одлука за прашањето поврзано со оваа компанија, притоа, деталите на пресудата не беа наведени.

Порталот „UNIAN“ наведува дека, станува збор за надоместок од 159 милиони долари, а во одлуката стои : „Русија е одговорна за кршење на правата на украинските инвеститори, со почеток од 21 март 2014-та година кога претседателот Путин потпиша декрет за присвојување на полуостровот“.

Агенцијата исто така, додава дека против Русија е поднесена тужба од страна на 18 украински компании и едно физичко лице, пренесува „ Sputnik“.

Имено, по референдумот за обединување на Крим и Русија, имотите на „Chornomornaftogaz“ и „Naftogaz“ претрпеа големи промени, така што, дел од имотниот простор на „Naftogaz“ влезе во состав на кримската компанија “Černomorneftegas“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП