19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг: Ние нема да ја промениме нашата позиција во трговските преговори со...

Пекинг: Ние нема да ја промениме нашата позиција во трговските преговори со САД

Властите во Кина немаат намера да го променат својот став против протекционистичките мерки во рамките на билатералните трговски преговори со САД и покрај претстојната посета на Вашингтон. Ова го изјави портпаролот на Министерството за трговија на Кина, Гао Фан, цитиран „Ројтерс“.

Според неговите зборови, двете страни во моментов се подготвуваат за следниот круг разговори. Во минатата недела американска делегација на чело со министерот за финансии Стивен Манучин ја посети Кина, но ја напушти земјата без постигнување на значителен напредок во решавањето на ескалираниот трговски спор меѓу двете најголеми економии во светот.

„САД мора да се откаже од своите закани. Позицијата на Кина не се промени и нема да се промени“, рече Гао. Според него, Пекинг и понатаму се противи на протекционизмот и едностраноста во трговските односи.

Претходно, кинеските власти рекоа дека немаат намера да преговараат за нивните главни интереси, иако тие не прецизираа за што станува збор.

„Се надеваме дека кинеско-американските трговски односи можат да станат моќна движечка сила за задржување на растот на светската економија“, дополни портпаролот.

Во средата Пекинг потврди дека кинескиот заменик-премиер Лу Ши ќе ги посети САД за да разговара за трговските прашања во соодветно време.

За време на американската посета во Пекинг стана јасно дека Вашингтон им предал на кинеските власти обемна листа со барања за регулирање на билатералните односи.

Една од првите е намалување на билатералниот трговски дефицит со најмалку 200 милијарди долари до крајот на 2020-та година. САД, исто така, инсистираат Кина веднаш да прекине со обезбедувањето на државни субвенции и други помагала за секторот на високата технологија надвор од планот „Произведено во Кина 2025“. Покрај тоа, Вашингтон го повика Пекинг да се погрижи за тоа да не преземе акција за спорот околу интелектуалната сопственост меѓу двете земји.

Во своите барања од САД посочуваат уште дека промените треба да се случат во рамките на година-две, иако американските власти имаат тенденција на преговори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП