25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАУредничката на „Vogue“ открива кои се трите златни правила за успех (видео)

Уредничката на „Vogue“ открива кои се трите златни правила за успех (видео)

Ана Винтур е една од најфасцинантните успешни жени на денешницава. Таа е веќе 26 години главен уредник на познатиот магазин „Vogue“, а 8 години е активна и во политичките кругови.

Британско-американската новинарка и уредничка има важна улога во модната „библија“, а покрај тоа, работи и како уметнички директор во компанијата „Condé Nast“.

Оваа успешна жена, претставува инспирација за луѓето ширум светот особено за жените.

Оваа се неколкуте одлики на оваа жена кои можат да ви помогнат:

Таа е одлучна

Винтур во една прилика објаснува како стекнала репутација на ладнокрвна личност, која е важна кај лидерската позиција.

„Тоа е победничка особина кај лидерите, иако за некои тоа е застрашувачки квалитет кај една жена“, рече главната уредничка.

Учела најмногу од својот татко

Пораснала во семејство во кое најголемиот дел биле новинари. Огледувајќи се на својот татко Чарлс кој бил уредник, научила како се работи и, постигнува успех на работното место.

„Научив колку е важно да бидеш лидер, треба да бидеш упорен и да ги поттикнеш луѓето да го дадат најдоброто од себе“, вели Винтур.

Винтур никогаш не се кае

Таа советува дека најважно е да пробуваш и секогаш да учиш од грешките колку што можеш повеќе, а притоа да продолжиш понатаму без каење.

„Мислам дека луѓето во тој случај работат многу подобро и во подобри околности“, истакна таа.

Во продолжение следуваат уште неколку совети кои ќе ви бидат од корист:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП