5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЏеј Зи и Самсунг ќе прават нов музички сервис

Џеј Зи и Самсунг ќе прават нов музички сервис

POST JAY SAMSUNG

Раперот Џеј Зи и компанијата Самсунг најверојатно ќе потпишат договор за соработка за нов музички стриминг сервис за кој музичарот ќе добие 20 милиони долари.

Неименуван извор потврди дека познатиот рапер и технолошкиот гигант ќе започнат со работа на посебен нов проект кој е во врска со стриминг (емитување преку интернет) музика и дека раперот за својата работа ќе биде платен со чек од осум цифри.

Овој договор би требало да биде потпишан за неколку недели, а кога тоа ќе се случи ќе дознаеме и повеќе детали за новиот музички сервис. Засега се знае само дека ќе биде за паметните телефони и другите мобилни уреди и дека ќе ја промовира музиката на Џеј Зи, но и музиката на неговата продуцентска куќа.

Како што Џеј Зи се што ќе допре претвора во злато, а и на Самсунг не им оди така лошо, можеме да очекуваме наскоро нешто спектакуларно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП