25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAB InBev очекува раст на продажбата на пиво за време на Мундијалот

AB InBev очекува раст на продажбата на пиво за време на Мундијалот

Најголемиот производител на алкохол во светот ги засилува своите маркетинг потези пред Светското првенство ова лето, откако слични промоции веќе помогнаа за промовирање побарувачката во Колумбија и Перу, пишува „Bloomberg“.

Растот на профитот на „Anheuser-Busch InBev“ за првиот квартал е 6,6% и ги надмина очекувањата на аналитичарите, најави главниот извршен директор Карлос Брито. Тој тврди дека е „убеден“ дека растот ќе се забрза, особено во втората половина од годината.

Кампањата на „Budweiser“ за Светското првенство, еден од најгледаните спортски настни во светот, беше пуштена оваа недела. Иницијативата доаѓа во момент во кој „AB InBev“ работи, за да генерира повеќе приходи од спортски натпревари и настани, откако приливот на помалите брендови во текот на последната деценија ги оддалечи корисниците од нејзините предлози за масовниот пазар. За да се справи со овој предизвик, компанијата од Белгија инвестира 2 милијарди долари во промовирањето на своите брендови и подобрувајќи го својот синџир на снабдување во САД.

Во Колумбија, брендот „Aguila“ ја зголемил продажбата со над 50 отсто во првиот квартал, помогнат од реклами, кои ја негуваат носталгијата по последниот пат, во кој земјата играла на Светското првенство. „Cristal“ се има обезбедено добро во Перу како бренд, поддржувач на националниот тим.

Овогодинешното првенство ќе се одржи во Русија, пазар на кој доминира „Carlsberg“. Данската компанија минатата недела изјави дека нејзиниот руски пазар се намалил за 5% во првиот квартал поради рестикциите за флаширање и проблемите поврзани со меѓународните санкции против земјата.

„AB InBev“ тврди дека во врска со Светското првенство планира промоции на „Budweiser“ во Аргентина и Нигерија, каде што почнала да го продава брендот во март.

Акциите на „AB InBev“ загубија речиси една четвртина од својата вредност откако компанијата ја стекна „SABMiller“ во 2016-та година во рамките на најголемата зделка во историјата на индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП