6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобран кабаст отпад од Црниче и Пржино, денеска се собира во Цветан...

Собран кабаст отпад од Црниче и Пржино, денеска се собира во Цветан Димов и Бирарија

Продолжува акцијата за собирање кабаст отпад во Кисела Вода. Општината соопшти дека откако вчера сезонските работници ангажирани од страна на локалната самоуправа ги подигнуваа старите и непотребни предмети со погабаритна големина од жителите на Пржино и Црниче, денеска акцијата продолжи во Цветан Димов и Бирарија.

„Граѓаните од овие две урбани заедници кабастиот отпад треба да го изложат во периодот од од 7:00 до 11:00 часот, пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на Општина Кисела Вода“, соопшти Кисела Вода.

Утре, пак, ќе се собира габаритниот отпад од урбаните заедници Кисела Вода и Расадник. За останатите месни и урбани заедници кои ќе бидат опфатени во наредните седмици, жителите ќе бидат навремено известени преку општинската веб-страница и преку референтите во подрачните канцеларии на нивните месни и урбани заедници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП