12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСопственикот на НИКОБ Кирил Лазаров, единствен предлог за претседател на македонско-бугарска стопанска...

Сопственикот на НИКОБ Кирил Лазаров, единствен предлог за претседател на македонско-бугарска стопанска комора

Кирил Лазаров, сопственикот и управител на НИКОБ Обезбедувањето е единствениот предлог на членовите на Управиот одбор за претседател на македонско-бугарската стопанска комора.

Новиот претседател на комората ќе се избира в четврок на Годишното собрание во чиишто рамки ќе бидат конституирани работните тела.

На настанот ќе присуствуваат и премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, а обраќање до присустните, согласно агендата, ќе имаат и актуелниот претседател на комората Зоре Темелковски, како и министерот без ресор Зоран Шапуриќ и Амбасадорот на Република Бугаријаво во Македонија, Иван Петков.

Целта на Македонско-Бугарската Стопанска Комора е промовирањето на бизнисот на компаниите. По формирањето во 2011 година Македонско –Бугарската Стопанска Комора, веќе седум години работи на унапредување на економските релации помеѓу компаниите во двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП