27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајна сигнализација за поголема безбедност пред училиштата во општина Аеродром

Сообраќајна сигнализација за поголема безбедност пред училиштата во општина Аеродром

Сообраќајни знаци ќе бидат поставени пред дел од основните училишта во општина Аеродром со цел зголемување на безбедноста на учениците и другите учесници во сообраќајот.

Како што информираат од оваа скопска општина, првата фаза опфаќа одбележување пешачки премини и поставување сообраќајни знаци на улицата пред основното училиште „Александар Македонски“ и клонот „Сонце“ на детската градинка „Бубамара“ во Реонски центар, како и на улицата пред основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин. За наредниот период планирано е и поставување вертикална и хоризонтална сигнализација и пред основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Острово.

Инаку, за овој проект од буџетот на Општината се издвоени околу милион денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП