7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов највлијателен човек во светот за 2018-та

Нов највлијателен човек во светот за 2018-та

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја предводи листата на списанието „Forbes“ за највлијателни луѓе во светот во 2018-та година.

Тој го превзема првото место од рускиот колега Владимир Путин, кој беше лидер на листата во последниве четири години. Сега го зазема второто место, по што на третата позиција е шефот на САД, Доналд Трамп.

Првата петорка се дополнува со единствената жена во првите десет, германската канцеларка Ангела Меркел е на четвртата позиција и најбогатиот човек во светот Џеф Безос на петтото.

Годишниот пласман на медиумот содржи 75 луѓе – по еден за секои 100 милиони луѓе на земјата, пишува весникот. Оваа година само пет дами се на листата. Освен Меркел тоа се уште британскиот премиер Тереза ​​Меј на 14-то место, директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард на 22-ро место, главниот извршен директор на „General Motors“, Мери Бара на 53-то и главниот извршен директор на „Fidelity Investments“, Авигеја Џонсон на 70-то место.

Во целата листа, за прв пат се најдоа 17 лица. Единствениот новодојденец во првите десет е саудискиот принц Мохамед бин Салман на осмото место. Во ноември минатата година тој беше во основата на акцијата за апсењето на околу 200 лица од најбогатите луѓе во земјата, принудувајќи ги да дадат дел од богатството на државата како компензација за корупциските активности. За време на својата последна турнеја во САД тој одржа средби со едни од највлијателните луѓе во земјата – претседателот Доналд Трамп, Џеф Безос, Бил Гејтс, Опра Винфри и други.

Со своите 32 години тој е и најмладиот член на елитниот клуб, според списанието „Forbes“.

Меѓу другите присутни во рангирањето се францускиот претседател Емануел Макрон на 12-то место, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутериш на 31-во место и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на 33-то.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го зазема 36-то место, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е на 48-та позиција.

Ова се 20-те највлијателните луѓе во светот:

20. Карлос Слим Хелеу (почесен претседател де на America Movil SAB de CV)

19. Џејми Дијаман (главен извршен директор, JP Morgan Chase)

18. Марио Драги (претседател на Европската централна банка)

17. Али-Хосеини Хаменеи (Врховен лидер на Иран)

16. Ворен Бафет (главен извршен директор, Berkshire Hathaway)

15. Ли Кецјан (премиер на Кина)

14. Тереза ​​Мај (британски премиер)

13. Марк Цукерберг (извршен директор на Facebook)

12. Емануел Макрон (претседател на Франција)

11. Џером Пауел (претседател на Федералните резерви)

10. Лари Пејџ (главен извршен директор на Google)

9. Нарендра Моди (премиер на Индија)

8. Мохамед бин Салман Ал Сауд (претстолонаследник на Саудиска Арабија)

7. Бил Гејтс (ко-основач на Bill & Melinda Gates Foundation)

6. Папата Францис (Римски епископ и шеф на католичката црква)

5. Џеф Безос (главен извршен директор и ко-основач на Amazon)

4. Ангела Меркел (канцелар на Германија)

3. Доналд Трамп (американски претседател)

2. Владимир Путин (претседател на Русија)

1. Си Џипинг (претседател на Кина).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП