Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 648.00 0%    ALK 8,575.33 -0.26%    CEVI 800.53 -1.17%    FERS 78,000.00 -0.36%    GRNT 830.00 0.76%    KMB 5,167.69 -0.37%    MPT 52,500.00 -0.57%    MTUR 5,294.18 1.81%    OHB 6,180.00 -0.01%    REPL 74,702.00 -3%    SBT 2,328.00 -3%    SPAZ 18,000.00 1.69%    STB 1,145.00 -0.47%    TEL 300.00 0.14%    TNB 15,613.40 0.73%    

Граѓанските организации се значајна поддршка на институциите во креирањето политики за правно зајакнување на маргинализираните заедници

Време: 12:02

Датум: мај 9, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Ромите, сексуалните работници, луѓето кои користат дрога и други членови на маргинализираните заедници речиси секојдневно се соочуваат со тешкотии обидувајќи се да ги остварат своите права од областа на правото, здравството, социјалната заштита и сл. Во недостиг од официјални статистички податоци за овој тип прашања, граѓанските организации преку сопствени истражувања обезбедуваат значајна база податоци кои им се од голема корист на институциите. Ова беше истакнато на дводневната меѓународна конференција за правно зајакнување „Правните потреби на маргинализираните заедници во Македонија“ што вчера и завчера се одржуваше во Скопје во организација на Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Правници, домашни и странски експерти, претставници на меѓународните граѓански организации и на невладиниот сектор, во рамки на конференцијата дискутираа за проблемите со кои се соочуваат членовите на маргинализираните заедници во институционалното остварување на нивните права, особено за нивниот пристап до правдата. Учесниците на конференцијата предложија идеи и решенија за спроведување на политиките за маргинализираните заедници.

Извршната директорка на ФООМ, Фани Каранфилова – Пановска на отворањето на конференцијата истакна дека во недостиг на официјални статистички податоци за оваа проблематика, граѓанските организации со своите истражувања даваат значаен придонес во креирањето идни политики.

Една од целите на оваа конференција е да потенцираме дека натамошниот процес во изготвувањето политики, особено во фокусот на маргинализираните заедници, многу е важно да се базира на податоци и факти. Истовремено, се обидуваме да дадеме идеи за начините со кои одредени политики и решенија може да обезбедат еднаквост за сите – рече Каранфилова – Пановска.

Според министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, пристапот до правда е проблем за сите граѓани, не само за маргинализираните заедници. На конференцијата Царовска истакна дека здравствените, социјалните, образовните услуги сѐ уште функционираат по некој застарен модел и многу тешко се препознаваат новите форми на поддршка.

Ние како министерство тесно соработуваме со граѓанските организации кои имаат полесен пристап до граѓаните кои се најисклучени. Тоа е на едно отворено владино партнерство, затоа што без комуникација и без партнерско вклучување на граѓанските организации кои што директно работат и живеат со овие групи, невозможно е да сметаме дека системот има капацитет може да биде достапен за сите во исто време. Но, граѓанинот може преку медијација и преку каналите кои се веќе воспоставени да ги остварува правата загарантирани со закон – рече Царовска.

На неколкуте панели на конференцијата, домашни и странски експерти, како и претставници на различни граѓански здруженија дискутираа за неопходноста од истражувања за правните потреби на граѓаните, особено на маргинализираните заедници, како и за политиките и бенефитите од овие истражувања. Конференцијата се заокружи со промовирање на модели на правна помош во Македонија од страна на повеќе правници од земјава.

 

—————————————————————————————————————

Фондацијата Отворено општество – Македонија веќе 25 години се залага за создавање динамично и толерантно општество, во кое граѓаните се силни, активни и вклучени, a властите се одговорни, отчетни и отворени за соработка. ФООМ вложи повеќе од 145 милиони долари за подобрување на животот на граѓаните преку континуирана поддршка на иницијативи кои овозможуваат подобро образование и здравство, владеење на правото, почитување на човековите права, плурализам во медиумите и слобода на говорот. Нашата посветеност на младите, маргинализираните групи и локалните заедници е важен влог за поголема општествена кохезија.

25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде ист како што бил

    УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде ист како што бил

    Делегацијата на УНЕСКО разговарала со претседателот на Франција за париската катедрала уништена во пожарот. Обновата на париската катедрала Нотр Дам мора да ги заштити универзалните…

  • Јункер: Постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор

    Јункер: Постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор

    Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на деталите околу напуштањето на Унијата…

  • Сите претседатели на Република Македонија

    Сите претседатели на Република Македонија

    Од независноста на Република Македонија на претседателската фотелја седнаа четворица претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и актуелниот Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандати,…

  • Сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од северен правец

    Сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од северен правец

    Сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен и североисточен ветер. Вдолж Повардарието ветерот ќе се засилува. Локално е…

  • Макрон денес се сретнува со официјалните претставници на УНЕСКО за Нотр Дам

    Макрон денес се сретнува со официјалните претставници на УНЕСКО за Нотр Дам

    Претседателот на Франција Емануел Макрон, денеска ќе одржи состанок со официјални претставници на Агенцијата за културни наследства на Елисејската палата, на која ќе се разгледаат…

  • Анализа: раст на просечната плата од 4.5% – кој го чувствува?

    Анализа: раст на просечната плата од 4.5% – кој го чувствува?

    За една година платата пораснала за 4.5%, а за една деценија за 20%. Сепак, македонскиот работник останува речиси на европското дно во однос на просечниот…

  • За помалку од една недела од морбили заболеле 121 лице

    За помалку од една недела од морбили заболеле 121 лице

    Во периодот од 13 април до денеска пријавени се вкупно 121 случај на мали сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на ново…

  • Бил Гејтс повторно со богатство од над 100 милијарди долари

    Бил Гејтс повторно со богатство од над 100 милијарди долари

    Состојбата на основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс надмина 100 милијарди долари. Тоа се случува првпат од 1999 година, пишува „Форбс“. – Состојбата на Бил…

  • Дејвид Атенборо: Има надеж во борбата против климатските промени

    Дејвид Атенборо: Има надеж во борбата против климатските промени

    Во новата програма на BBC “Климатски промени – факти”, познатиот британски водител и љубител на природата Дејвид Атенборо, говори за размерите на кризата со која…

  • Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка

    Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка

    Стратешка определба на Фондацијата Отворено општество – Македонија е поддршката на државните реформи во повеќе клучни области кои се од стратешка важност за Фондацијата, вклучувајќи…