22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: ЕУ има што да загуби во Иран

График на денот: ЕУ има што да загуби во Иран

Европа ќе претрпи сериозни загуби поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран.

Европските компании се радуваат на успех, развивајќи и зајакнувајќи ги трговските врски со Иран по склучувањето на договорот во 2015-та година. Во замена за ублажување на санкциите Техеран се согласи да ја ограничи активностите за збогатување со ураниум и да ги елиминира своите резерви. Ова доведе до раст на европските компании што прават бизнис во Иран, а тоа доведе до „бум“ во мини-инвестициите, пишува „Statista“.

Уште во 2015-та година вредноста на трговијата во двете насоки е 9,2 милијарди долари, а таа се зголеми нагло до 16,4 милијарди долари во 2016-та година по потпишувањето на договорот. Минатата година, импресивните стапки на раст беа задржани на 25 милијарди долари.

Меѓу европските компании кои се радуваат на успех во Иран, се француската енергетска компанија „Total“ која учествува во изградбата на гасно поле во јужниот дел на земјата, заедно со „Royal Dutch Shell“, која исто така инвестира во иранската енергетска индустрија. „Airbus“ е уште една позната европска компанија вклучена во замена на застарената и опасна флота на ирански авиони. „Renault“ исто потпиша профитабилен договор минатата година – во вредност од 780 милиони долари, која ќе вклучува производствена база, способна да произведува до 150.000 возила годишно.

И додека европските компании почнаа да го експлоатираат овој отворен и растечки пазар, американските компании едвај „стојат на нозе“ да се вклучат во него под „облакот“ од политичка несигурност. Еден извонреден пример за тоа е „Boeing“ која се согласи на бавен договор за испорака на современи авиони за иранските авиокомпании. Иднината на овој договор останува неизвесен токму заради падот на нуклеарниот договор, а компанијата се уште нема доставено ниту еден авион на иранските клиенти. За споредба, „Airbus“ веќе испорача два „A330-200“ и еден „A321“.

Во 2017-та година вредноста на увозот и извозот меѓу САД и Иран изнесува само малку над 200 милиони долари, малку помалку во споредба со протокот на стоки меѓу Брисел и Техеран. Поради негативната реторика на Вашингтон, ЕУ се обидува да ги заштити своите деловни интереси во земјата. ЕУ разви голем број на контрамерки, вклучувајќи линии за финансирање кои не се во долари, и статус за блокирање на ЕУ, развиен во 90-тите, но никогаш неискористен. Повеќето експерти веруваат дека секој европски одговор ќе биде во голема мера симболичен, не е ефективен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП