20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе потпише Меморандум за соработка со четирите стопански комори

Владата ќе потпише Меморандум за соработка со четирите стопански комори

Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка за воспоставување на јавно приватен дијалог на Владата со четирите стопански комори, партнери на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Воведни обраќања ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска и директорот на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива Љубомир Димовски.

Во вториот дел од настанот ќе бидат презентирани наодите од двете истражувања на проектот на тема „Проценка на бизнис средината во Македонија“ и дебата помеѓу присутните, соопшти прес-службата на Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП