18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром не исклучува и опција за „Северен поток 3“

Газпром не исклучува и опција за „Северен поток 3“

Рускиот гасен гигант „Газпром“ е подготвен да изгради и „Северен поток 3“, изјави шефот на компанијата Алексеј Милер, цитиран од агенциите. За него сето тоа зависи од побарувачката на рускиот природен гас.

Милер е категоричен дека компанијата нема да запре со големите проекти во странство. „Можеме да им обезбедиме на нашите клиенти во странство толку гас колку што е потребно“, објасни тој.

Во моментов „Газпром“ се бори да го спроведе „Северен поток 2“ кон Европа – во оваа фаза успешно. ЕУ е поделена околу позицијата за новиот гасовод, а земји од Централна и Источна Европа се против, истакнувајќи дека со негова помош Русија ќе ја зајакне својата позиција на европскиот пазар на гас.

Главниот лобист на проектот сепак е Германија, која ги даде сите дозволи и дури веќе почна да го гради приемниот терминал за проектот.

„Северен поток 2“ ќе чини околу 9,5 милијарди евра, а како финансиски партнери на „Газпром“ во проектот се пет европски компании – „Uniper“, „Wintershall“, „OMV“, „Engie“ и „Shell“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП