5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд следната недела почнува исплатата на субвенциите за тутунот

Од следната недела почнува исплатата на субвенциите за тутунот

До крајот на оваа недела Платежната агенција ќе ги спроведе законските контроли во откупните претпријатија, по што ќе следува обработка на решенијата за исплата на субвенциите за тутунот. Исплатата ќе почне следната недела, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари. Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа, кој почнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа, како и за дополнителни класи.

„Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, којашто носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно“, велат од Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП