24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi со крупни чекори тргна во освојување на Европа

Xiaomi со крупни чекори тргна во освојување на Европа

„Xiaomi“ најави дека има во план да влезе на пазарите во Франција и Италија кон крајот на мај со што нивните приходи би пораснале на 10 милијарди долари.

Покрај Франција и Италија, „Xiaomi“ планира уште неколку големи чекори во Европа. Минатата недела објави соработка со британскиот оператор „CK Hutchison“ кој ќе ги продава нивните производи ширум Британија.

„Xiaomi“ се прослави затоа што е еден од ретките „Android“ уреди кои се многу сопсобни, а пристапни, а прв пат се појавија во Европа, поточно во Шпанија во минатата година, а сега планираат агресивен поход на Европа.

Компанијата со седиште во Хонг Конг стара е само седум години, а голем успех досега постигна во Индија, каде нејзините уреди се меѓу најпродаваните, но нивните приходи првенствено зависат од продажбата во Кина.

Иако започнаа да се шират по целиот свет, една земја и натаму им е недостапна. Погодувате? САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП