19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот суфицит на Кина со САД продолжува да расте во април

Трговскиот суфицит на Кина со САД продолжува да расте во април

Кинескиот трговски суфицит со САД се зголеми за повеќе од една третина во април во споредба со еден месец порано. Ова го покажуваат податоците од царинските власти во азиската земја, цитирани од „Ројтерс“.

Според податоците за четвртиот месец од годината вишокот бил во износ од 22,19 милијарди долари, додека во март тој бил 15,43 милијарди долари.

За периодот од јануари до април, суфицитот беше 80,4 милијарди долари.

Двете најголеми економии во светот се закануваат меѓусебно со наметнувањето на увозни давачки за десетици милиони долари во последните месеци, што предизвика загриженост дека земјите може да предизвикаат трговска војна, која ќе наштети на светскиот раст и силното претставување на пазарите.

Минатата недела делегацијата од Вашингтон предводена од министерот за финансии, Стивен Манучин, го посети Пекинг за круг на разговори, но тие завршиле без значителен напредок. Според кинеските медиуми, двете земји успеале да се договорат за некои прашања, но не ги специфицира кои од нив.

За време на посетата, администрацијата на Доналд Трамп направила силна линија на барања во однос на Пекинг. Вашингтон побара намалување на кинескиот трговски суфицит со САД од 200 милијарди долари до крајот на 2020-та година.

САД исто така сака Кина веднаш да го прекине давањето на државни субвенции и други помагала за секторот на висока технологија надвор од планот „Произведено во Кина 2025“, како и Пекинг да гарантира дека нема да преземе одмазднички мерки во однос на спорот за интелектуалната сопственост меѓу двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП