20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПронајдете ги вашите скриени таленти со овие прашања

Пронајдете ги вашите скриени таленти со овие прашања

Се прашувате како да ги откриете сокриените талените….

Ако сте уверени дека можете да направите нешто што го сакате, чувствувате дека имате нешто во вас, но сеуште не знаете што, поставете си ги на себеси овие 7 прашања:

1. Што правите со леснотија?

Дали пишувате, пеете, готвите, трчате? Што не ви е тешко да правите?

2. Што ве прави страствени?

Што ви создава пријатно, возбудливо чувство во стомакот? За што сонувате кога така се чувствувате?

3. Што прави да заборавите на времето?

Со кои активности времето просто ви лета? Што правите а притоа не ви паѓа на ум да погледнете во часовникот.

4. Што може да направи да се чувствувате посебни?

Знаете ли дека не постои ниту една личност на светот која има ист собир на искуства како и вие? Вашата униканост не е под знак на прашање, не плашете се да ја покажете.

5. За што ве прашуваат пријателите да ги посоветувате?

Дали можеби пријателите некогаш ве прашале што да облечат за некој настан? Да им предложите некој квалитетен филм?

6. Што сте сакале да работите како дете?

Како си игравте кога бевте мали? Во што сте уживале и сте заборавале на времето? Играјте повторно!

7. Што би работеле доколку парите не се важни?

Што би работеле сега доколку имате пари? Во што би уживале?

Кога ќе одговорите на сите прашања, соберете ги сите одговори. Тоа е сет од вашите таленти. Учете, прашувајте, бидете упорни и вежбајте. Талентите се околу вас, но и во вас!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП