14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето на евтина нафта отиде во историјата

Времето на евтина нафта отиде во историјата

Цените на нафтата минатата недела се зголемија на светските пазари, достигнувајќи највисоки нивоа од ноември 2014 година.

Причината за ова е што САД се заканува со повторно воведување на санкции против Иран.

На Лондонскиот пазар цената на барел нафта пораснаа за 0,3 отсто минатата недела на 74,85 долари, додека на американскиот пазар порасна за 2,3 отсто на 69,7 американски долари.

Зголемувањето на цените се должи на тензиите на пазарот додека се чека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги врати санкциите врз Иран поради нуклеарната програма.

Техеран по укинувањето на санкциите во почетокот на 2016 година, повторно ја презема позицијата на голем извозник благодарение на договорот со група на влијателни земји.

Американскиот претседател рече дека ќе се повлече од споразумот околу иранската нуклеарна програма ако европските сојузници до 12-ти мај не ги корегираат “страшните грешки” во меѓународниот договор.

“Очекувањата дека САД ќе се повлече од договорот за иранската нуклеарна програма и дека нема да ја продолжи суспензијата на санкциите, ја држи цената на нафтата на највисоко ниво во последните три години”, објаснува Стефан Бренок од лондонската брокерска куќа PVM Oil Associates.

Европските сојузници оваа недела треба да достават пландо Трамп за спасување на споразумот со Иран, но исто така подготвуваат мерки за заштита на европско-иранските деловни односи во случај Вашингтон да се повлече од договорот.

Трговците стравуваат дека санкциите би можеле да го намалат снабдувањето со нафта од Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП