27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСарачини: Поголемо производството, конкурентност и вработеност

Сарачини: Поголемо производството, конкурентност и вработеност

Saracini-g_1

Во претстојниот период како Влада ќе продолжиме со реализација на својот реформски однос кон економијата. Нашите приоритети на кус и на среден рок, првенствено, ќе бидат насочени кон зголемување на конкурентноста на фирмите, поттикнување на нивното производство и зголемување на стапката на вработеност.

Ова го истакнува министерот за економија Ваљон Сарачини во интервјуто за МИА што утре ќе биде објавено во целост.

– Меѓу позначајните мерки е изградбата на хидроцентрали (мали и големи), поттикнување на изградба на сончеви колектори и на ветерници со цел зголемување на производството на домашна електрична енергија и намалување на нејзината цена. Продолжуваме со проектот „Регулаторна гилотиња“, во кој учествуваат речиси сите министерства, во насока на отстранување на новопојавените и/или новолоцираните административни бариери за бизнисот, посочува Сарачини во интервјуто.

Континуиран процес, додава, е и реконструкцијата на постојната и изградба на нова патна и железничка инфраструктура, односно т.н. капитални буџетски инвестиции, како силен поттикнувач на производството, трговијата и извозот на стоки и услуги, за брза и ефектна комуникација меѓу фирмите.

– Во претстојниот период ќе преминеме на воведување т.н. „едношалтерски информациски систем“, кој е планиран да биде во рамки на Министерството за економија, чија цел ќе биде собирање и доставување на сите потребни податоци и информации  до сите заинтересирани домашни и странски инвеститори, а ќе се продолжи и со намалување на стапките на социјалните придонеси веднаш по завршувањето на светската економска криза, што ќе ги намали трошоците на фирмите и ќе ја поттикне нивната побарувачка за работна сила, додава Сарачини.

Нагласува дека во тек е и засилена реализација на веќе преземените и преземање дополнителни мерки за постепено менување на структурата на работната сила согласно барањата на пазарот на труд.

– Ќе се продолжи и со натамошно засилување на финансиската дисциплина на економските субјекти, преку воведување фискални сметки секаде каде што во минатиот период било пропуштено или не било можно нивно воведување, како и веќе споменатото воведување систем на брз стечај и/или ликвидација на трајно неликвидни или несолвентни фирми, додава Сарачини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП