19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебата за предизвиците на ЕИБ во поддршката на економскиот развој на Западен...

Дебата за предизвиците на ЕИБ во поддршката на економскиот развој на Западен Балкан

На Економскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи настан за предизвиците на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во поддршката на економскиот развој на земјите од Западен Балкан.

Настанот го организира Центарот за податоци и информации на ЕУ на Економскиот факултет во Скопје во рамки на одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа и по повод 60-годишнината од формирањето на Европската инвестициска банка.

Најавено е обраќање на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, деканот на Економскиот факултет Љубомир Дракуловски и раководителот на Центарот за податоци и информации на ЕУ на Економскиот факултет, Даниела Мамучевска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП