18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаврши акцијата за субвенционирање велосипеди во Карпош

Заврши акцијата за субвенционирање велосипеди во Карпош

Aкцијата за субвенционирање при купувањето на нови велосипеди која ја спроведе Општина Карпош е завршена.

Оваа фаза на финансиска поддршка при купување нови велосипеди е окончана поради исцрпување на паричните средства предвидени во Буџетот, информираат од Општината.

Со оглед на тоа што квотата за субвенционирање е пополнета, локалната самоуправа, од денеска нема да ги зема в предвид сите новопристигнати апликации. „Во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, ќе бидете навремено известени преку веб- страната на Општината, социјалните мрежи и Фејсбук профилот на Општина Карпош, како и преку пишаните медиуми“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП