29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо 2030 година во Германија ќе фалат околу пет милиони работници

До 2030 година во Германија ќе фалат околу пет милиони работници

Германија до крајот на следната деценија ќе има недостиг на 4,9 милиони работници, а овој недостаток би можело германската економија да ја чини 525 милијарди евра, според резултатите од една студија на консултантска фирма Korn/Ferry.

“Најголема штета од недостаток на работна сила може да претрпат бизнисите во услужниот сектор, вклучувајќи го и финансискиот сектор, кој од 2030 година може да му недостасуваат 1,2 милиони работници,” произлегува од студијата “Недостаток на таленти”, на консултантска фирма Korn/Ferry. Машинската индустрија, главната германска извозна гранка, исто така ќе биде засегната.

Понатаму се наведува дека европските земји ќе бидат најмногу погодени од недостатокот на работна сила.

Најголемиот недостаток на работници веќе се чувствува во инженерските сектори, односно кај апсолвентите на природнонаучни правци на универзитетите. Но, интересно е дека до крајот на следната деценија побарувачката за работници со средни и пониски квалификации ќе се зголеми, а не само за високо специјализираната работна сила.

Претставници на германските средни претпријатија, кои вработуваат најголем број на работници во Германија, апелираа до федералната влада да влијание на проблемот со недостиг на работна сила и тоа со намалување на бирократијата и промена во германскиот образовен систем.

Во првиот квартал од оваа година во Германија, според информациите од Сојузната канцеларија за труд во Нирнберг, останаа непополнети 1,2 милиони слободни работни места, при што генерално има недостаток на квалификувана и високо квалификувана работна сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП