6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако на минско поле: Најчести грешки на кандидатите на интервјуто за работа

Како на минско поле: Најчести грешки на кандидатите на интервјуто за работа

intervju7

Кога на едно интервју за работа ќе се пријават стотици кандидати, потребно е да се истакнете меѓу конкуренцијата.

Ако бидете повикани на разговор за работа тоа е идеална прилика да се претставите, затоа потрудете се да ги избегнете најчестите грешки на кандидатите на интервјуата.

Не знаат кога да престанат да зборуваат

Најголемата грешка која ја прават кандидатите е зборувањето во исто време со лицето кое ги интервјуира. Повеќето од нив не се ни свесни дека го прават тоа. Поради вознемиреноста не слушаат активно и внимателно какви прашања им се поставуваат и што се бара од нив.

Лошо зборат за претходниот работодавец

Доколку релативно неодамна сте ја напуштиле работата, чувствата сеуште се свежи, но сепак воздржете се на интервјуто за работа да не зборувате лошо за претходниот работодавец.

Премногу сте нападни и премногу се наметнувате

При разговорот за работа самодовербата е неопходна, но егото оставете го дома. Експертите освен што анализираат што зборувате, тие го гледаат и говорот на вашето тело. Делувајте дека сте полни со самодоверба, но не претерувајте и не се наметнувајте.

Преговори за платата

Ако добиете понуда за работа, вие сте пред најтешкиот дел од интервјуто – разговор за платата. Експертите велат дека кандидатите прават најчесто две грешки. Пред се прерано ја наметнуваат темата плата. А втората грешка е што мислат дека преговараат и наведуваат некоја одредена сума. Препораката од експертите е да поставите отворено прашање, да го слушнете одговорот на работодавецот, да рамислите и да го кажете вашето согласување или несогласување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП