6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Калифорнија влезе во ТОП 5 во светот

Економијата на Калифорнија влезе во ТОП 5 во светот

Економијата во Калифорнија е толку голема и расте толку брзо што сега е петта во светот, според податоците на владата на САД, цитирани од „Business Insider“.

Податоците објавени од страна на Министерството за трговија на САД, го поставуваат БДП-то на државата за 2017-та година на околу 2.747 илјади милијарди долари. Економијата порасна за 3,4 отсто во минатата година.

Овој раст ја става американската држава пред Британија, чиј БДП изнесува 2,625 илјади милијарди долари, според податоците објавени минатиот месец од страна на ММФ.

Еве како изгледа листата на 15-те најголеми економии, ако се земат во предвид и индивидуалните држави во САД:

1. САД – 19,391 илјади милијарди долари.

2. Кина – 12,015 илјади милијарди долари.

3. Јапонија – 4.872 илјади милијарди долари.

4. Германија – 3.685 илјади милијарди долари.

5. Калифорнија – 2.747 илјади милијарди долари.

6. Велика Британија – 2.625 илјади милијарди долари.

7. Индија – 2.611 илјади милијарди долари.

8. Франција – 2.584 илјади милијарди долари.

9. Бразил – 2.055 илјади милијарди долари.

10. Италија – 1.938 илјади милијарди долари.

11. Тексас – 1.696 илјади милијарди долари.

12. Канада – 1.652 илјади милијарди долари.

13.Њујорк – 1.557 илјади милијарди долари.

14. Јужна Кореја – 1.538 илјади милијарди долари.

14. Русија – 1.527 илјади милијарди долари.

Според „АР“, бумот на економијата на Калифорнија е толку различен поради просперитетниот технолошки сектор, забавната индустрија и земјоделството.

Разликата е уште поголема ако се земе предвид соодветната популација. Велика Британија има околу 66 милиони жители, а населението во Калифорнија е 40 милиони.

Британската економија бележи намалување во минатата година, а многумина веруваат дека изгледите за тоа не се особено добри поради излезот од ЕУ и двосмисленоста во врска со процесот на преговори.

Разликата меѓу двете економии исто така е делумно под влијание на флуктуациите на девизниот курс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП