6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот чека: Ќе дојде ли до трговска војна?

Светот чека: Ќе дојде ли до трговска војна?

Американците и кинезите се обидуваат да избегнат “трговска војна”, на помалку од три недели пред најавеното стапување на сила на американскиот данок за увоз на алуминиум и челик.

“Разговорите се многу добри”, изјави американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин, пред почетокот на вториот, и за сега последен ден од преговорите со заменик-претседателот на Кина Лиу Хeo.

Засега Пекинг и Вашингтон многу ограничено информираат за тоа што се преговара.

На ист начин, кинеските медиуми многу кратко пишуваат за посетата на американската делегација, а настан на денот е поклонот на претседателот Кси Џинпинг – книга на Карл Маркс -“Капитал”, на 200-годишнината од раѓањето на авторот.

Укажувајќи на огромниот дефицит на САД во трговијата со Кина и “нечесни” бизнис пракси во Пекинг, американскиот претседател Доналд Трамп го испрати секретарот Мнучин да преговара.

Неговата делегација е составена од врвот на трговската политика на САД, тука се и министерот за трговија, Вилбур Рос, претставникот за трговија (USTR) Роберт Лајтхајзер и главниот економски советник во Белата куќа Лари Кадлоу.

Влогот е висок: нивната посета доаѓа откако Кина е под закана која може да се реализира на 22 мај, со новата тарифа од 50 милијарди долари за производи што се извезуваат во САД.

Кина е подготвена да одговори на даноците од 50 милијарди долари со производите увезени од Америка – соја, автомобили, говедско месо…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП