2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасилени контроли во локалите во Центар, неколку кафулиња казнети поради гласна музика

Засилени контроли во локалите во Центар, неколку кафулиња казнети поради гласна музика

Општина Центар, во заедничка акција со УЈП, МВР, СВР Скопје, Градски паркинг и ЈП ПОЦ, синоќа беше во контрола на 20 угостителски објекти во Дебар Маало, улица Македонија, Пролет и во други делови на територија на општината.

За овие локали граѓаните се жалеле дека го нарушуваат редот и мирот со гласна музика, бесправно узурпирање на јавниот простор со поставување на тераси и паркирање на возила на недозволени места.

„На дел од угостителските објекти им се изречени мандатни казни, на дел им е даден рок да достават документација и да го усогласат просторот според пропишаните параметри. Доколку рокот не биде испочитуван ќе им биде изречена соодветна глоба или ќе бидат затворени. Непрописно паркираните возила веднаш беа отстранети од ЈП ПОЦ и Градски паркинг“, велат од Општината.

Градоначалникот Саша Богдановиќ потенцира дека е воспоставена целосна координација со сите институции и нема да се толерира незаконско работење на територија на општината. Во периодот кој следува, тој најави дека со правосилни решенија ќе се пристапи кон отстранување на дивите и незаконски поставените тераси и зачестени контроли на угостителските објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП