19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК е склона да размисли за ограничен трговски договор со САД

ЕК е склона да размисли за ограничен трговски договор со САД

Европската комисија (ЕК) е подготвена да разгледа дали е можно да се постигне ограничен трговски договор со САД, ако биде ослободена конечно од американски царини за челикот и алуминиумот, изјави еврокомесарот за трговијата Сесилија Малмстром.

„Тоа е нешто, за кое можеме да размислиме, само за царините врз стоките и други не особено сложени прашања“, објасни таа.

„Уште не сме стигнале до ова, но според мене би било најлесно да се склучи еден ограничен договор, ако сакаме брзи резултати“, додаде Малмстром.

Таа, меѓутоа, прецизира дека ЕК, која одговара за трговската политика на ЕУ, ќе има потреба од мандат од земјите членки, за да започне такви преговори. Таа потсети исто така дека предуслов на Брисел е ЕУ да остане целосно и безусловно ослободена од американските царини.

„Нашата стратегија е јасна, ние не преговараме за ништо под закана“, рече Малмстром.

Според неа, можните разговори со САД треба да го вклучат и автомобилскиот сектор и да бидат заемно корисни за ЕУ ​​и за САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп предолжи на 1-ви мај привремено исклучување на ЕУ од царините до 1-ви јуни, иако претставници на ЕУ велат дека не е јасно што сака Вашингтон.

На 8-ми март Трамп воведе царински давачки од 25 отсто за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум. Сепак, на крајот на март, тој привремено ја ослободи ЕУ. Привременото пуштање мораше да заврши на полноќ на 30-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП