9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Лидл“ почна со продажба на марихуана во Швајцарија

„Лидл“ почна со продажба на марихуана во Швајцарија

Германскиот трговски синџир маркети „Лидл“ почна со продажба на марихуана од домашно производство во Швајцарија. Цените се 875 денари за еден грам или за три грама канабис од стакленик треба да издвоите 970 денари.

Според британскиот весник „Гардијан”, популарниот трговски синџир ги искористи измените на законот од 2011 година, според кој полнолетните граѓани на Швајцарија можат да купат канабис со помалку од 1 отсто THC.

Дистрибутерот на канабис, швајцарската компанија The Botanicals, ја одгледува марихуаната во затворен простор со помош на полуавтоматизирани стакленици. Тие велат дека се потпираат исклучиво на одржливо производство и не додаваат хемикалии ниту синтетички или генетски модифицирани супстанци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП