2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика има со што да се пофали, рекордно ниска стапка на невработеност

Америка има со што да се пофали, рекордно ниска стапка на невработеност

Американските работодавци во април го забрзаа темпото на вработување, со што стапката на невработеност падна на 3,9%, покажаа објавените официјални податоци.

Во САД минатиот месец беа отворени 164.000 работни места, што е повеќе во однос на оние 135.000 работни места, соопшти Министерството за труд во Америка, а пренесува „AP“.

Имено, во претходните 6 месеци стапката на невработеност се движеше на ниво од 4,1%, бидеќи помалку луѓе беа во потрага по работа.

Од декември 2000-та година најновава стапка е најмала до сега, а напоредно со ова просечната заработувачка по саати порасна за 2,6% на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП