17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведската централната банка изрази загриженост поради снемувањето на готовина.

Шведската централната банка изрази загриженост поради снемувањето на готовина.

Швеѓаните толку малку користат готовина што и Централната банка веќе е загрижена. Според истражувањата на „Sveriges Riksbank“, кои ги пренесува „CNBC“, 85% од граѓаните во Шведска наместо готовина користат кредитни картички.

Одвоените истражувања на компанијата „Capgemini“ и француска банка „BNP Paribas“ покажуваат дека само 2 % од вкупните платните трансакции во Шведска се готовини, а се очекува до 2020-та година да паднат на 1%. Склоноста на граѓаните кон електронските картички е од толку голем размер што „Riksbank“ бележи недостаток на готовина.

Гувернерот Стефан Игнес истакна дека безготовинските компании одговорни за целокупниот платен систем во земјата ќе ги доведе до помал број. Во вакви ситуации се јавуваат два проблеми првиот проблем се јавува во кризни ситуации кога готовината „добива на цена“. Друг проблем е што во Шведска постојат група на луѓе кои немаат пристап до безготовинските плаќања или едноставно не сакаат.

Повеќепартиската парламентарна комисија во моментов размислува дали законски да ги принуди банките да обезбедат готовински трансакции на клиентите кои го сакаат тоа. Имено, повеќе шведски банки се откажуваат од парични „манипулации“ поради нивната ниска побарувачка.

Сесилија Скингслеи предупредува дека круната е законско средство за плаќање во оваа земја и дека секој е задолжен да ја прифати во платните трансакции. „Шведска е првиот кандидат за безготовинска земја, но никој не знае што ќе донесе иднината. Како централна банка мораме да бидеме спремни за нашата обврска за одржување на платниот систем“, рече Скингслеи која е заменик-гувернерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП