6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувачката на злато во светот продолжува да опаѓа

Побарувачката на злато во светот продолжува да опаѓа

Побарувачката на злато го забележа најлошиот квартал од 2008-ма година во периодот од јануари до март 2018-та година. Финансиските инвеститори, како и купувачите на накит, пројавиле ограничен апетит кон благородниот метал. Ова е заклучокот на Светскиот совет за злато, цитиран од светските агенции.

Глобалната побарувачка во првиот квартал од 2018-та година изнесува 973,5 тони. Тоа е пад со 7% во однос на првите три месеци од 2017-та година, станува јасно од извештајот, кој беше објавен денеска во Лондон.

„Интересот на инвеститорите не е гламурозен и овој тренд е на сите пазари“, коментира Џон Милиган, раководител во Светскиот совет за злато.

Во последните години намалувањето на побарувачката се објаснуваше со умерениот интерес на финансиските инвеститорите кон средства кои се обезбедени со злато, туку со слабата побарувачка меѓу купувачите на злато од благородните метали. Сепак, во првите три месеци од 2018-та година, овие два фактора беа комбинирани.

Побарувачката на инвестициските фондови, кои тргуваат со средства обезбедени со злато, била 32,4 тони во првите три месеци од годината. Ова е зголемување во текот на последниот квартал од 2017-та година, но пад од 66 отсто на годишна основа.

И иако податоците за економијата на САД да го најавуваат покачувањето на каматите стапки од страна на ФЕД, тогаш непредвидливата политика на претседателот Доналд Трамп ги тера инвеститорите да бидат претпазливи.

Оваа несигурност објаснува зошто првиот квартал беше прилично мирен за златото, чии резултати се зголемија со 2,51 отсто и на крајот на март една унца се продаваше за 1.341,24 долари.

На Блискиот Исток зајакнувањето на геополитичките тензии и слабоста на локалните валути покажаа притисок врз побарувачката во накит – минус 15% до 45,3 тони. Во исто време, сепак се зголеми интересот за монетите и накит (со 63% до 16,7 тони), бидејќи купувачите сакаат да ги вложат своите заштеди во оваа сигурна инвестиција.

Нискиот курс на турската лира сепак не спречи во Турција да има стабилна побарувачка на златото со зголемување од 47 отсто до 13,1 тони за монетите и накит и од 19 отсто до 9,9 тони за златниот накит.

Централните банки претежно на Турција, Казахстан и Русија продолжија да купуваат злато и тоа доведе до зголемување за 42% на светската побарувачка кај овие институции до 116,5 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП