27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТојота со главоболки поради 242.000 возила

Тојота со главоболки поради 242.000 возила

priusss

Јапонскиот производител на автомобили Тојота повлекува 242.000 возила од моделите Приус и Лексус поради проблеми со сопирачките, иако досега нема информации за настанати незгоди поради овој проблем.

Возачите на овие два модели кои се произведени во периодот од март до октомври 2009-та година се пожалиле дека мораат многу повеќе од претходно да притиснат на сопирачките за автомобилот да застане.

Портпаролот на компанијата во Токио истакнува дека поради слабиот квалитет на материјалот доаѓало до пукнатини кои азотот кои се наоѓа во течноста за сопирачките ги нагризувал и со тоа влијаело на ефикасноста на сопирањето. Досега не е пријавена ниту една незгода, но Тојота доби повеќе од 90 поплаки од купувачите ширум светот.

Компанијата ќе повлече 117.000 возила во Јапонија, 91.000 во Северна Америка, 30.000 во Европа и 3000 на азиско-пацифичкиот регион.

Тојота поради различни проблеми во последните неколку години повлече милиони возила со што ја загрозуваат својата некогашна репутација заснована на безбедноста, квалитетот и сигурноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП