26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономистите го повикуваат Трамп да не ги повторува грешките од минатото

Економистите го повикуваат Трамп да не ги повторува грешките од минатото

Над 1.100 американски економисти, меѓу кои и петнаесетина носители на Нобеловата награда, потпишаа писмо во кое ја критикуваат протекционистичката политика на Доналд Трамп и инсистираат Конгресот и Белата куќа да не ги повторуваат грешките од минатото.

Писмото, кое беше објавено од Националниот сојуз на даночните обврзници (National Taxpayers Union – NTU), беше предадено на извршната власт во САД синоќа по месеци на активни протекционистички мерки на Белата куќа.

Претседателот на САД објави на 8-ми март покачувања на царините со 25 отсто за увоз на челик и со 10 проценти за алуминиумот. Тој се заканува да воведе од 22-ри мај давачки за кинеските стоки во вредност од 50 милијарди долари, кои влегуваат на американскиот пазар.

Трамп ги зачна и заканите да ја повлече земјата од северноамериканскиот договор за слободна трговија, познат како „НАФТА“, кој ги обединува од 1994-та година САД, Канада и Мексико.

Економистите, меѓу кои е Ричард Талер, добитник на Нобеловата награда за економија за 2017-та година и Едмунд Фелпс за 2006-та година, но исто така и поранешни советници на претседателот Џорџ Буш (Харви Роузан, Венди Грам) и уште директорот за буџет кај републиканецот Роналд Реган, го избраа симболично 3-ти мај, датум на кој во 1930-та година други економисти побараа од Конгресот да го отфрли законот, „Смут – Хоули“.

Овој американски закон доведе до укинување на царинските давачки за 20.000 производи и разни одмазднички мерки на трговските партнери на САД, подигнување негативните последици од Големата депресија.

„Конгресот не се усогласи со советите на економистите во 1930-та година и Американците ја платија цената за тоа“, се наведува во писмото. Економистите кои го потпишаа писмото инсистираат на тоа дека истата грешка не треба да се повторува.

Тие цитираат извадок од писмото од 3-ти мај 1930-та година, кој продолжува да биде актуелен: „Убедени сме дека зголемувањето на царините би било грешка. Тоа би довело во целина до скок на цените кои американските потрошувачи ќе ги плаќаат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП