23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБошковски: Power Gen Europe можност за трансфер на најновите технологии во Македонија

Бошковски: Power Gen Europe можност за трансфер на најновите технологии во Македонија

ban-481x301-powergeneurope2013-ok

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски е задоволен од годинашното претставување на компанијата на најголемиот саем за енергетика во Европа, Power Gen Europe што се одржува во Виена, Австрија.

– Од досегашните контакти што ги имавме можам  да кажам дека сум задоволен, бидејќи во првите два дена Саемот го посетија повеќе од 10.000 посетители. Се надеваме дека тој тренд ќе продолжи и во остатокот на денешниов ден и утре и дека ќе има повеќе посетители од ланскиот саем во Келн со што се зголемува бројот на потенцијалните средби, изјави Бошковски.

Нагласи дека на досегашните средби се информирале за нивото на технологиите на компаниите и за она што можат да го понудат за идните развојни проекти на ЕЛЕМ.

– Остваривме многу нови контакти со кои веруваме дека ќе можеме да ги пренесеме новите технологии и во иднина да ги примениме во Република Македонија. ЕЛЕМ не само што држи чекор со другите компании, туку и со гордост можам да кажам дека сме напред бидејќи една од главните теми на Саемот е декарбонизацијата, а ЕЛЕМ веќе инвестира во еден таков огромен проект во Македонија.

Тој појасни дека ЕЛЕМ веќе има потпишано договор со германската компанија Бапкок Борсинг за модернизација на котлите на термоелектраната Битола и за намалувањето на штетните емисии на азотните оксиди.

– Тоа е проект вреден 88,5 милиони евра кој започна да се реализира во 2012 година, а треба да заврши во 2014 година… Ние и понатаму ќе продолжиме да инвестираме во заштита на животната средина и намалување на стакленичките гасови и азотните оксиди. Тоа се развојни проекти кои секојдневно се подготвуваат во Секторот за развој и инвестиции на АД ЕЛЕМ, рече Бошковски.

Претставникот на Бабкок Борсиг, Јерг Зомер посочи дека ревитализацијата на котлите во РЕК Битола е најголем проект што неговата компанија го реализира на Балканот.

– Со него се продолжува животниот век на трите котли кои не се ревитализирани од 1980 година и се намалува емисијата на азотни оксиди со што ќе се исполнат барањата на ЕУ директивите кои ќе стапат на сила во 2016 година и ќе се редуцира нивото на азотни оксиди на 200 милиграми што е нормална вредност во ЕУ. Покрај тоа се зголемува и нивната ефикасност со што со помалку јаглен ќе се добива повеќе пареа, изјави Зомер.

Тој прецизира дека ревитализацијата на третиот котел е веќе завршена, на вториот треба да почне во јули годинава, а првиот да биде готов до крајот на идната година. Ревитализацијата, како што кажа, се работи со македонски подизведувачи како што се ФАКОМ и Енерго систем.

Претставникот на швајцарската консуктантска куќа АјЕф Консалт, IF Consalt, Маркус Шнајдер, која работи на проектите на АД ЕЛЕМ, рече дека токму соработката со македонската компанија биле причина да отворат локална канцеларија во Скопје преку која ги покриваат соседните земји.

-Од Скопје ги покриваме и проектите во Валона, Албанија и во Република Српска, изјави Шнајдер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП