27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 3,8 милиони евра

АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 3,8 милиони евра

АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 88.320 мегават часови, по цена од 43,87 eвра за мегават час. Вкупната заработка за компанијата е 3.874.598 евра. Од таму велат дека продадените вишоци се „базна“ електрична енергија (0-24ч) за периодот јуни, јули и август 2018 година.

„АД ЕЛЕМ понуди и 14.400 мегават часови ‘врвна’ енергија за која се доби највисока цена од 44,05 евра за мегават час. Со оглед на тоа што постигнатата цената беше под проценките за исплатливост на производството на електрична енергија од наведениот тип, не беше извршена продажба на оваа количина“, соопшти компанијата.

Продажбата на електрична енергија која беше реализирана, влеат од таму, ќе овозможи зголемување на производството на АД ЕЛЕМ во обем на наведените количини, подобрување на финансиската состојба и зголемување на портфолиото на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП