Европската Унија денеска почна со реализација на проектот „Откриј ја ЕУ“ со кој 15.000 осумнаесетгодишници, државјани на земјите членки на Унијата, со бесплатна меѓународна железничка карта интер-рејл ќе може да патуваат низ континентот.
Европската комисија, на барање на Европскиот парламент, одобри 12 милиони евра за овој проект. Целта е во рамки на следниот осумгодишен буџет да бидат одобрени по 100 милиони годишно за да им се овозможи на 200 000 млади бесплатно да патуваат.
За некој да добие бесплатна карта, ќе треба да се пријави на конкурс кој ќе биде отворен од 12 до 26 јуни. Патувањето би требало да почне во една од членките на ЕУ и да трае 30 дена, во периодот од јули до септември.