23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Со новиот Закон за енергетика, потрошувачите сами ќе избираат снабдувач

Бектеши: Со новиот Закон за енергетика, потрошувачите сами ќе избираат снабдувач

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на пленарна седница во Собранието го претстави новиот Закон за енергетика, кој, како што рече, ќе им овозможи на граѓаните право на избор.

„Новиот Закон за енергетика на граѓаните им обезбедува сигурно и квалитетно снабдување со енергија, безбедно и ефикасно работење, одржување и развој на преносните и дистрибутивните системи на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија, ги штити правата на корисниците на електрична енергијата – им овозможува на граѓаните право на избор, особено на ранливите потрошувачи, овозможува ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор и целосна либерализација на производството, снабдувањето и трговијата со енергија“, рече министерот Бектеши и додаде дека овој закон е во согласност со европското законодавство.

Тој истакна дека новиот закон создава законска рамка за натамошен развој на енергетскиот сектор во Република Македонија и негово целосно вклучување во регионалните енергетски пазари, а со тоа и во внатрешниот енергетски пазар на ЕУ.

Од Законот за енергетика, освен домаќинствата, додаде Бектеши, корист ќе имаат особено малите и средни претпријатија, кои, исто така, ќе имаат право да изберат снабдувач на електрична енергија и природен гас, а се предлага и усвојување годишен план со мерки кои ќе треба да се преземаат за намалување на енергетската сиромаштија, вклучувајќи и субвенции за потрошена енергија посветена на семејства со економски потешкотии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП