12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната повторно опадна

Инфлацијата во еврозоната повторно опадна

Стапката на инфлација во еврозоната се очекува повторно малку да опадне во април, откако во претходниот месец тргна нагоре. Прогнозите се нивото на инфлацијата да е 1,2% во четвртиот месец од годината во однос на 1,3% во претходниот месец. Ова се прелиминарните проценки на Европскиот завод за статистика „Еуростат“.

Еврото поевтини нагло во однос на доларот по веста, достигнувајќи 1,1974 долари, откако претходно се разменуваше за 1,2005 долари.

Главниот поттик на потрошувачките цени доаѓа од енергијата, чии цени се зголемија за 2,5% во однос на 2% во март, и на храната, алкохолот и тутунските производи, кои се зголемија драстично со 2,5% од 2,1%.

Сепак, цените на услугите се забавија на само 1% од 1,5% во третиот месец од годината. Спротивно на тоа, цените на неенергетските индустриски производи покажуваат минимален раст од 0,3% во споредба со 0,2% во март.

Основната инфлација, која ги исклучува промените во цените на нестабилните стоки како енергијата и храната и се смета за точен показател, сепак нагло се забавува до 0,7%. За споредба, претходниот месец беше 1%.

Податоците за финалната инфлација на „Еуростат“ во еврозоната и Европската унија како целина ќе бидат објавени на 16-ти мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП