3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ ја задржа проекцијата за раст на БДП за годинава до 3,2...

НБРМ ја задржа проекцијата за раст на БДП за годинава до 3,2 отсто

 

Народната банка на Република Македонија ја задржува проекцијата на раст на БДП за годинава до 3,2 проценти и за наредната година до 3,5 проценти.

– Најновите проекции на НБРМ за следниот период вградуваат очекувања за стабилен домашен политички амбиент, приливи на нови странски инвестиции, повторно започнување на јавниот инфраструктурен циклус, како и поповолно надворешно опкружување. Евентуално неостварување на дел од овие претпоставки може да предизвика отстапување од очекувањата, рече на денешната прес-конференција гувернерот на НБРМ Димитар Богов

Во априлските проекции на НБРМ се очекува движечки фактор да бидат извозот, инвестициите – и јавните или капитални инвестиции, но и приватните и странските, како и личната потрошувачка.

– Општо земено проекциите упатуваат на потенцијал за солиден раст на домашната економија поддржан и од кредитната активност на банките отсуство на инфлациски притисоци и задржување на поволната надворешна позиција, рече Богов.

На прашањето на што се должи помалиот раст што за Македонија го проектираат меѓународните финансиски организации, Богов вели дека тоа е резултат на помалото ланско остварување од она што тие го имале предвидено. Растот беше помал од тој што го предвиделе и затоа проекциите за годинава се намалени.

За годинава останува и проекцијата на инфлацијата на околу два процента, а ризиците за проектираната патека на инфлацијата главно се поврзани со неизвесноста околу увезените цени.

Кај депозитите се очекува раст од 6,4 проценти за годинава и 6,5 проценти во наредната година. Кредитната активност на банките и натаму ќе биде важен фактор за поддршка на економскиот раст, при што за 2018 година се предвидува кредитен раст од 6,5 проценти за годинава и 7,7 проценти за наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП