6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИXiaomi подаде документи за IPO вo Хонг Конг

Xiaomi подаде документи за IPO вo Хонг Конг

„Xiaomi“, производителот на паметни телефони и сродни уреди, поднесе документи за почетна јавна понуда во Хонг Конг. Се очекува да биде најголемата понуда на кинеска технолошка компанија по скоро четири години, објави „Ројтерс“.

„IPO“-то може да ја процени компанијата до 100 милијарди долари и ќе биде најголемата акција на кинеска компанија од онаа на „Alibaba Group Holding“, која достигна 21,8 милијарди долари во 2014-та година.

Веста беше објавена откако „Xiaomi“ им ги даде на инвеститорите првите детали за нивната финансиска позиција пред долгоочекуваното „IPO“.

Компанијата соопшти дека нејзините приходи достигнале 114,62 милијарди јуани (18 милијарди долари) во 2017-та година, што е за 67,5 отсто повеќе од 2016-та година. Исто така, се забележува нето загуба од 43,89 милијарди јуани (6,9 милијарди долари) во однос на профитот од 491,6 милиони јуани во 2016-та година.

Оперативната добивка за 2017-та година изнесува 12,2 милијарди јуани (1,9 милијарди долари), во споредба со 3,79 милијарди јуани од пред една година порано.

Освен паметните телефони, „Xiaomi“ исто така произведува повеќе домашни апарати и други уреди, вклучувајќи скутери, прочистувачи на воздух и многу други, иако поголемиот дел од нејзиниот приход доаѓа од интернет услугите.

На пазарот на паметни телефони, неговите релативно евтини уреди се повеќе предизвикувачки за лидерите на пазарот „Samsung Electronics“ и „Apple“.

Првичната јавна понуда на „Xiaomi“ ќе биде прва во Хонг Конг, која ќе се одржи според новата регулатива која стапи во сила овој понеделник. Таа има за цел да привлече повеќе технолошки „IPO“-а, додека конкуренцијата за главните технолошки договори помеѓу Хонг Конг и Кина е значително порасната.

Берзата очекува неколку технички објави во текот на следните две години – кинески компании со вкупна пазарна вредност од 500 милијарди долари.

„CLSA“, „Morgan Stanley“ и „Goldman Sachs Group“ го спонзорираат „IPO“-то на „Xiaomi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП