19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГасоводот TANAP ќе започне порано поради вонредните избори во Турција

Гасоводот TANAP ќе започне порано поради вонредните избори во Турција

Церемонијата на пуштање во работа на Трансанатолскиот гасовод (TANAP) ќе биде поместена за неколку недели, станува јасно од коментар на претставници на азербејџанската гасна компанија „Socar“ за турското издание „Hurriyet“.

Причината е вонредните избори во Турција, закажани за 24-ти јуни. Првичните планови беа гасоводот, дел од Јужниот гасен коридор, кој требаше да биде во функција на почетокот на јули. Сега, сепак, точниот датум е променет на 19-ти јуни. За ова се разговараше за време на состанокот помеѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Азербејџан Илхам Алијев.

„TANAP“ е дел од поддршката од Европската комисија за проект за Јужен гасен коридор по кој треба да транзитира гас од Каспискиот регион кон Европа.

Од Турција азербејџанскиот гас ќе продолжи кон Европа преку Трансадријатскиот гасовод (TAP) од наоѓалиштето „Шах Дениз II“.

Преку Јужниот гасен коридор, Европа добива вистинска диверзификација на изворите и маршрутите на природен гас. Првично ќе пренесува 16 милијарди кубни метри природен гас годишно. 10 милијарди од нив се наменети за Европа, преостанатите количини ќе останат во Турција.

Кога ќе се изградат дополнителни компресорски станици, капацитетот на Јужниот гасен коридор може да се удвои.

Вкупната должина на „TANAP“ е 1850 километри. Според извештаите на медиумите, трошоците за изградба на гасоводот се околу 7,9 милијарди долари.

Прелиминарните трошоци за изградба на следната километража – „ТАР“ се 4,5 милијарди евра. Трасата на гасоводот што минува низ Грција и Албанија, е 878 километри, чија изградба оди според планот, уверуваат од проектната компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП